Лесли Максвел (64) од Мелбурн, Австралија, на социјалните мрежи е позната по својата неверојатна фигура која ја постигнала вежбајќи пет пати неделно за да ги одржува стомачните мускули.
Покрај тоа што има одлична фигура, според The Sun, оваа баба има освоено речиси 30 фитнес титули и открива дека има дневна рутина која вклучува шест едноставни чекори и вели дека секој може да го забави процесот на стареење.
View this post on Instagram
„Дефинитивно мислам дека жените доаѓаат во свое како што старееме – имаме поголема самодоверба и се чувствуваме секси, особено ако сме фит и здрави. Всушност, можеме да го забавиме процесот на стареење со здрава исхрана и ефективни вежби.” рече Лесли.
Лесли, која вежба со нејзината 20-годишна внука Тио, вели дека редовно мислат дека таа ѝ е сестра и тврди дека никогаш не е доцна да го започнете вашето фитнес патување.
View this post on Instagram
Имено, таа почнала со фитнес на 49 години и потоа ја освоила првата титула, а градбата и помага да остане сигурна во љубовниот живот, а открива дека моментално излегува со помлад маж.
„Мажот со кој се гледам е помлад од мене, но никогаш не размислувам за тоа. Самодовербата е победа за мене. Ако мажот е доволно храбар да ми пријде, да ме погледне во очи и да ме повика, тој е прилично храбар човек. Деновиве, мажите се прилично срамежливи кога станува збор за пристап до жените, бидејќи се чини дека сè е направено онлајн“, објасни таа.
View this post on Instagram
Што се однесува до типот на мажи што ги сака, таа сака некој што ќе може да ѝ додели енергија за цел живот.
„Тој не мора нужно да биде во теретана, но јас сакам здраво тело и мора да биде многу енергичен! Дури и мојот прв дечко кога бев тинејџерла беше помлад од мене. Претпоставувам дека отсекогаш сум била склона кон тоа“, откри таа, додавајќи дека би ѝ дозволила дури и на нејзината внука да избере маж за неа ако во иднина повторно остане сама.
View this post on Instagram