Баба (63) и нејзиниот сопруг (26) го чекаат првото дете: Веста го „разнесе“ ТикТок

Сподели со своите пријатели

Шерил Мек Грегор е 63-годишна баба и тиктокерка, која го очекува своето прво дете заедно со нејзиниот 37 години помлад сопруг Куран Мекејн (26).

Loading...

Таа веќе има седум деца и 17 внуци, а веста направи вистинска експлозија на мрежите.

Заедно со видеото од ултразвук, овој пар објасни дека бебето ќе се роди со помош на сурогат мајка.

Шерил и Куран се венчале во 2021 година и оттогаш станаа вистинска ТикТок сензација и имаат 4,7 милиони следбеници со кои споделуваат видеа и детали од нивниот живот.

Двојката не го криеше задоволството од веста за новото засилување, велејќи во соопштението:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците предупредуваат на можно страшно сценарио од 1815 година, но со посериозни последици

„Имаме слики од бебето кое почна да се развива и е преслатка“, рече Шерил, на што Куран додаде: „Најдобриот дел од сè е дека ќе станеме родители. Бебето се развива здраво… наскоро ќе ја видите нашата сурогат мајка“.

 

@kingqurannewpage Were finally starting a family @Queen cheryl 👸 ❤️ #fyp #baby #couplegoals #agegap #family #surrogacy ♬ Say it

Loading...

 

Тие се запознале во ресторан кога тој имал 15 години

Двојката се запознала во 2012 година во ресторанот за брза храна „Dairy Queen“ каде и двајцата работеле, а Куран тогаш имал само 15 години.

Но, романтичните чувства почнале да се развиваат малку подоцна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците предупредуваат на можно страшно сценарио од 1815 година, но со посериозни последици

Тие изгубиле контакт, само за повторно да се поврзат кога Куран ја запознал Шерил која работела како касиерка во друга продавница.

Не долго потоа, тој ја запросил својата сакана во живо на ТикТок пред 20.000 луѓе!

Според Дејли Мејл, тие имаат и сметка на Only Fans, каде што покажуваат поексплицитна содржина.