Азербејџан отвори оган врз Ерменија, загинаа тројца војници

Сподели со своите пријатели

Тројца ерменски војници загинаа при размена на оган со азербејџанските сили, објави Министерството за одбрана на Ерменија.

Ерменското министерство за одбрана објави дека имало конфликт со воените сили на Азербејџан.

Единиците на вооружените сили на Азербејџан, кои ги нападнале  ерменските позиции, биле вратени назад на почетната позиција, претрпувајќи загуби.

 

Конфликтот продолжува, соопшти министерството.

Ерменија и Азербејџан се судрија минатата година за Нагорно Карабах, а борбите траеја шест недели.

Договорот, со кој заврши војната, беше потпишан во ноември од страна на премиерот на Ерменија, претседателот на Азербејџан и претседателот на Русија.

Корените на конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан околу Нагорно Карабах се враќаат скоро 100 години, кога советските власти одлучија спорната област да ја приклучат на тогашниот ССР Азербејџан.

 


Областа е формално во рамките на територијата на Азербејџан, но Ерменците се мнозински народ и имаат контрола над таа област.

Leave a Reply