Беше 7 август кога Еден Азар го одигра својот последен натпревар во дресот на Реал Мадрид. Против Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Белгиецот оттогаш не е на теренот. И тој нема да биде барем уште еден месец.
Мадридска „Марка“ денес известува дека Азар ќе го продолжи боледувањето барем до крајот на следната пауза за репрезентацијата, која трае до 20 ноември, што значи дека ќе паузира подолго од три месеци.
Најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид така не успеа „да се состави“ откако дојде од Челси пред година и пол во трансфер вреден 115.000.000 евра, што со бонуси може да биде и поскап. Но, како што започна Азар, тешко дека овие бонуси ќе бидат реализирани бидејќи тој не игра.
Минатата сезона Белгиецот пропушти дури 25 натпревари на Реал во сите натпреварувања поради разни повреди. Одигра 22 од нив и постигна еден гол со седум асистенции. Далеку под она што го очекуваа во Мадрид. Проблемот со вишокот килограми беше „накалемен“ на честите повреди, па Зидан ретко можеше да смета на Азар во вистинското издание.
Паузата е подолга отколку што очекувавме, рече Зидан пред натпреварот од Лигата на шампионите против Шахтјор.
Навидум наивната повреда на десната нога се претвори во сериозни компликации за sвездата на Реал. Сè започна со ударот што му го зададе сонародникот Тома Муние на мечот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен минатата есен. Го мачеше зглобпт, а потоа и коска, а од оваа есен и повреда на мускулот на истата нога.
Се очекуваше Азар да се опорави до следниот викенд и „Ел Класико“ против Барселона, но ништо не излезе од тоа. Во Реал не сакаат да ризикуваат, па го продолжија процесот на опоравување за Азар со цел целосно закрепнување и враќање на разнишаната самодоверба.
Влатче Зорба