Авторот на „Книгата за нацијата“ тврди дека Тито никогаш не постоел

Сподели со своите пријатели

Претседателот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито никогаш не постоел. Се било само илузија за народот.

Loading...

Та ка пишува во документ објавен на сајтот на американската Централна разузнавачка агенција ЦИА, од кој неодамна е отстранета ознаката за тајност. Еден од авторите на тој документ Џорџ Питерсон тврди дека граѓаните на некогашната СФРЈ живееле во заблуда и сон дека ги предовди човек кој разликите и непомирливоста меѓу нив ги претворил во братство и единство.

– Тврдам фактички дека Тито не постоел и дека сме имале друг човек кој ја водел поранешна Југославија, а дека тоа не бил тој, рекол авторот на книгата „Хоштаплер“ Мирослав Тодоровиќ на срспката Прва ТВ.

Вели дека деценија истражувал за Тито, дека ги посетил сите светски архиви и места на кои тој се движел.

Додава дека никој не сака да се занимава со ДНК анализа затоа што таа би покажала кој бил Тито.

– Француски извори до кои се држам, имав големи проблеми, ме тужеше неговиот внук Јошка за изнесување невистини. Имав голем судски процес кој траеше две години. Ослободен сум и кажано е во пресудата дека сум се занимавал со факти кои би можеле да се докажат, рекол Тодоровиќ.

Додава дека во француските документи не постои името на таткото, туку само името на мајката на Броз и дека вистинскиот Тито го смениле на рускиот фронт.

– Тој е човек на Коминтерната, рекол тој.

Loading...

Од друга страна, историчарот Дејан Ристиќ наведува дека таков документ на сајтот на ЦИА нема.

– Се обидов на различни начини да го пронајдам. Не постои таков документ на сајтот на ЦИА, додал Ристиќ.

Leave a Reply