Автомобили, автобуси и товарни возила изгореа во пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Автомобили, автобуси и товарни возила биле опожарени во голем пожар, сопственост на неколку приватни фирми од Куманово.

Loading...

– На 23.08.2025 во 23.51 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Народна Револуција“ во Куманово настанал пожар на сува трева, по што бил зафатен и плац, сопственост на Б.Р., каде што биле опожарени патничко возило „Форд мондео“, патничко возило „Сеат кордоба“, автобус „Санос“, мини бус „Ивеко“, товарно возило „Застава“, автобус „ТАМ“, товарно возило „Пежо“ и приколка за возил, сите сопственост на неколку приватни фирми, а кои претходно биле паркирани на плацот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вандали со моторни пили уништуваат дрвја на булевар во Куманово (ВИДЕО)

Од екипа на Територијалната противпожарна едница Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Никола Ивановски