Автомобил удрил во запрежно возило

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 20.10 часот на регионалниот пат Куманово- Липково патничко возило „Фолксваген Туарег“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(51 години) од село Липково, удрило во запрежно возило во кое бил А.М. (17 години) од Лопате, и 14-годишник од Слупчане, општина Липково.

Loading...

Од ударот со повреди се здобиле двете лица од запрежното возило. Тие биле пренесени во Ургентен центар Куманово. Кај А.М. биле констатирани телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, додека кај 14-годишникот биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply