Автомобил удрил во метален столб на автопатот кон Табановце, тројца повредени

Сподели со своите пријатели

Три лица се повредени откако автомобил удрил во метален столб на бензинска пумпа на автопатот Куманово – Табановце.

Loading...

– На 05.08.2025 околу 11:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, патничко возило „фолксваген“, управувано од Д.С.(29) од Република Србија, удрило во метален столб од бензинска пумпа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобиле неговите сопатници Т.Т.М.(29) и А.М.(56), двајцата од Велика Британија и С.С.(53) од Република Србија, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ќе одговара за продажба на фалсификувана брендирана стока

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски