Патничко моторно возило утринава околу 10 часот удрило во пешак на улицата „Иво Лол Рибар“ при што се здобил со телесни повреди.
Како што информираат од Итната медицинска помош, пешакот е роден 1961 година, а кај нив бил донесен со повреди на лактот и карлицата, но без видливи надворешни повреди. Истиот бил пренесен на Одделение за хирургија во кумановската болница за понатамошна медицинска интервенција.
Од СВР Куманово не успеавме да добиеме подетални информации за незгодата.
Loading...