Едно двегодишно девојче со чудо останало живо иако автомобил ја прегазил дури два пати во Кина.
Девојчесто останало без надзор и лежело среде пат кога се случила несреќата, пишува Дејли мејл.
На снимката, која е доста вознемирувачка, се гледа дете како лежи среде прометен пат, кога бел автомобил преминува преку неа со предното, а потоа и со задното тркало.
Трагедија на одмор: Германка сакала да слика слон, тој ја прегазил
Loading...
Кога видел што направил, возачот излегол од автомобилот и се доближил на девојчето при што веднаш било однесено во болница.
Членот на семејството рекол дека таа минала без повреди.
Според лекарите, девојчето останало живо затоа што коските се меки и затоа што на себе имала многу облека.