Паркиран автомобил рано утринава изгорел во Куманово откако, од засега непознати причини, избувнал пожар.
Loading...
– На 20.02.2023 во 01.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Моша Пијаде“ настанал пожар во паркирано возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на И.С.(34) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.
Никола Ивановски / фото: илустрација