Патничко моторно возило вчера било опожарено во центарот на Куманово, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Loading...
Територијалната противпожарна единица Куманово вчера интервенирала на запалено патничко моторно возило на улицата „11-ти Октомври“ во периодот од 13:00 до 15:00часот.
Пожарот бил изгаснат од страна на тројца пожарникари кои интевенирале со едно противпожарно возило. Причината за избувнување на пожарот, како и висината на настанатата материјална штета засега се непознати.
Кумановските пожарникари вчера бележат уште една интервенција. Во период од 14:55 до 16:40 часот гаснеле запалена сува трева во атарот на селото Пчиња.
Никола Ивановски / фото:архива