Автомобил гореше на булевар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Патничко моторно возило вчера изгорело во пожар во Куманово, информираат од кумановската полиција.

Loading...

– На 03.02.2021 година во 06.16 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во патничко моторно возило во движење „ауди кватро“ со тетовски регистарски ознаки на улицата „Октомвриска Револуција“ во Куманово, стои во соопштението на полицијата.

Како што појаснуваат оттаму, пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица -Куманово, а повредени лица нема.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски / фото: архива

Leave a Reply