Само пепел остана од патничко моторно возило кое вчеравечер изгоре во пожар во селото Романовце, по експлозија на боцата за плин.

Околу 23 часот екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово излегле на терен, но било премногу доцна затоа што и од приложените фотографии се гледа дека автомобилот бил целосно во пламен.

Во настанот нема повредени, но од автомобилот не остана ништо.
-Во моментот кога нашата екипа пристигна на настанот возилото експлодираше, но за среќа сите биле на пристојно растојание и немаме повредени во експлозијата, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Деан Илиевски.

Од СВР Куманово информираат дека кај нив случајот е пријавен како пожар, бидејќи од сопственикот на возилото не било барано вештачење.
фото и видео: Влатко Милосковски