Вкупно 11 парчиња нови автоделови: алансер, дискови за кочници, сет плочки за кочници, затегнувач за ремен, лизгачи за ремени и клинести ремени биле откриени при контрола на автомобил со швајцарски царински регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, информираат од Царинската управа на Република Македонија.
Непријавените автоделови, пронајдени во багажниот простор на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.