Шеснаесетгодишан ученичка од Куманово се здобила со тешки повреди, откако движејќи се наназад, во неа удрил автобус.
– На 26.03.2026 во 09:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на пат пред средно училиште во Долно Којнаре, кумановско, автобус „ман“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(61) од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане, со кој се превезувале ученици, движејќи се наназад удрил во 16-годишна ученичка во училиштето од с.Старо Нагоричане, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила ученичката, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

