Автобус падна од карпа во Шри Ланка: 15 лица загинаа, 16 се повредени

Сподели со своите пријатели

Во планинската област на Шри Ланка, 15 лица загинаа, а 16 се повредени кога патнички автобус излета од патот и падна во клисура, соопшти денес портпаролот на полицијата Фредрик Вутлер.

Несреќата се случила во четврток вечерта во близина на градот Велаваја, околу 280 километри источно од главниот град Коломбо, рече тој, според Асошиејтед Прес.

Автобусот паднал во клисура длабока околу 300 метри, а меѓу повредените има пет деца.

Loading...

Според првите резултати од истрагата, возачот го возел возилото со голема брзина, ја изгубил контролата, удрил во друго возило, а потоа и во заштитна ограда, по што паднал од карпата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква зима може да очекуваме? Објавена детална прогноза за Европа!

Во автобусот во моментот на несреќата имало околу 30 патници.

Локалната телевизија емитувала снимки од тешко оштетениот автобус на дното на клисурата, додека војниците се обидувале да ги отстранат остатоците.

Смртоносните автобуски несреќи се чести во Шри Ланка, особено во планинските области, поради неправилно возење, како и лошо одржувани и тесни патишта.