Австриската влада обезбеди 6,6 милијарди евра за стратешки резерви на гас

Сподели со своите пријатели

Австриската влада денеска донесе одлука да обезбеди до 6,6 милијарди евра од буџетот за создавање стратешки резерви на гас.

Loading...

Според канцеларот Карл Нехамер и министерката за енергетика Леоноре Гевеслер, целта е да се постигне 80 отсто целосно складирање на гас до зима.

Нагласија дека целта е да се зголеми отпорноста на снабдувањето со гас во случај на неиспорака.

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

Пред еден месец, парламентот усвои амандман на законот со кој се бара создавање стратешки резерви на гас.

За да се постигне 80% целосно складирање на гас до следната зима, обезбедени се 1,6 милијарди евра со измена на законот за буџет, со повлекување на дополнителни пет милијарди евра во случај на потреба.

Loading...

Гевеслер истакна дека зафатеноста на магацинот во Австрија е околу 18 отсто и дека таа изнесува 16,7 терават часови гас.

Сепак, таа објасни дека складиштата за гас во Австрија се многу големи во споредба со другите земји.

„Презедовме мерки за зголемување на искористеноста на складиштето за гас. Обезбедивме буџетска рамка“, објасни Нехамер.

Тој рече дека сигурно ниту едно домаќинство нема да остане без греење, но дека е неопходно да се обезбеди гас за индустријата.

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

Според Нехамер и Гевеслер, целта е и да се постигне независност на Австрија од рускиот гас.

Loading...

Гевеслер истакна дека оваа независност не може веднаш да се прекине, дека е потребен национален напор.

„Снабдувањето со гас на нашата земја е поврзано со Русија. Ако Русија не испорачува гас, тоа би претставувало многу сериозна закана за нашето снабдување“, објасни таа.

Таа пренесе дека во моментов нема индиции дека испораката на гас за Австрија ќе биде прекината.

„Полни магацини се единствената гаранција дека имаме резерви за зимата. Меѓутоа, целосните складишни капацитети не се решение за проблемот со зависноста од рускиот гас“, додаде таа.

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

Нехамер објасни дека годишните потреби на Австрија се 85 терават часови гас, а од Русија се увезуваат 80 терават часови.

Loading...

Тој наведе и дека само во јануари Австрија потрошила 10 терават часови, а во нормалните месеци потрошувачката била 6,6 терават часови.

Тој посочи и дека самата најава на австриската влада дека ќе купи 15 теравати течен гас доведе до зголемување на цените, па со планираната бројка може да се купат 10 теравати.

Според тоа, Владата нема да објавува конкретни набавки на гас.

Тој рече дека Австрија, заедно со другите членки на ЕУ, ќе бара алтернативи за рускиот гас на меѓународниот пазар.

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

Loading...

 

Гевеслер и Нехамер подвлекоа дека долгорочна цел е Австрија да биде независна од фосилните горива, но дека транзицијата кон одржливи извори на енергија треба да се изврши разумно за да нема последици за економијата.

Што се однесува до одлуката на Русија да ја прекине испораката на гас за Полска и Бугарија, Нехамер објасни дека тие земји не ја прифатиле промената на условите за плаќање.

Тој посочи дека Полска, која долго време работи на намалување на независноста од рускиот гас, кој повеќе инвестира во нуклеарна енергија и има електрани на јаглен, е во поинаква ситуација од Австрија.

Исто така, Бугарија, додава тој, бидејќи има пристаништа, може преку нив да увезува течен гас, што Австрија не може.

Loading...

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

„ОМВ ги прифати условите за плаќање во евра на Газпром банка, која ги претвора во рубљи. Владимир Путин одлучи дека таквата исплата е можна, а ситуацијата кај нас не е променета. Тоа е во согласност со санкциите. Но, во војната не може да се процени дека во случај на натамошна ескалација нема да има промени“, рече тој.

Секој ден од војната, подвлекува, ја загрозува безбедноста на сите, поради што е важно вооружените конфликти да престанат што е можно поскоро.

Loading...

Гевеслер рече дека ако Русија ја прекине испораката на гас за Австрија, тоа ќе биде тежок удар за економијата, бидејќи ќе дојде до прекин на производството, а со тоа и губење на работни места, раст на сиромаштијата.