Австрија: Започната истрага за високата цена на горивото

Сподели со своите пријатели

Австриската управа за конкуренција (BWB) покрена истрага за пазарот на гориво во Австрија поради високите цени со кои се соочуваат граѓаните последните денови.

Loading...

Како што се наведува во соопштението, се испитува дали покрај досегашниот развој причина за поскапувањето е недоволната или непостоечката конкуренција. Од BWB посочуваат дека до институцијата пристигнале бројни поплаки.

 

95 лица повредени при судир на два воза во Тунис (ВИДЕО)

 

Изминативе денови често имаше критики, дури и од владини претставници, дека цената на горивата не паднала, иако цената на нафтата паднала на меѓународните пазари.

Според неа, BWB покрај бензинските пумпи ќе ја истражува и состојбата на рафинериите.

„Важни елементи на системската анализа ќе биде развојот на цената на суровата нафта, горивото, трошоците и количините произведени од рафинериите, како и нивото на цените на пумпите“, најавуваат од BWB.

Loading...

 

Првиот руски воен брод влезе во пристаништето Бердјанск на Азовското Море

 

Во својата истрага, BWB ќе ги земе предвид и случувањата во соседството.

BWB сега ќе им поставува прашања на учесниците на пазарот, на кои тие мора да одговорат во дадениот рок.

Кој тоа нема да го стори или тоа ќе го направи со лажни податоци може да биде казнет со парична казна до 0,5 отсто од вкупниот промет минатата година.

Доколку истрагата покаже дека постои сомнение дека постапила спротивно на законот за заштита на конкуренцијата, ќе биде поведена правна постапка.