Заклучувањето, кое ќе стапи на сила во Австрија од понеделник, ќе ја чини австриската економија една милијарда евра неделно, проценуваат економистите.
Гастрономијата и трговијата особено се во неволја.
Поучен од искуството од карантинот од ноември минатата година, експертот на Економскиот институт Вифо, Јозеф Баумгартнер, посочува дека БДП овој месец ќе биде помал за 800 милиони евра.
Во првите две недели од декември ефектот од заклучувањето ќе биде уште посилен, бидејќи тогаш е вообичаено да се купуваат подароци пред Божиќ, па загубата е една милијарда неделно.
Слично проценува и Клаус Вајерштрас од HIS, кој смета дека штетата од заклучувањето на економијата ќе биде околу три милијарди евра, пренесува Танјуг.
Сепак, тој посочува дека е подобро сега да се затвори економијата, отколку да се пропушти целата зимска туристичка сезона.
Само ако функционира заклучувањето, може да се „спаси“ јануари и февруари“, посочи тој.