Министерот за инфраструктура и сообраќај на Австрија Норберт Хофер сака да оди во чекор со модерното време и е подготвен да испроба новина која би можела да донесе пресврт во сообраќајот.
Откако воведе тестови за зголемување на ограничувањето на автопатиштата на 140 километри начас, сега најавува дека од идната година сака да тестира летечки дронови кои би превезувале патници.
– Можеби веќе од пролетта ќе организираме пробен лет, рекол тој, додавајќи дека очекува голем интерес.
Хофер додал дека и поркај тоа би можел да биде воспоставен тест на делниците во Австрија за беспилотни такси летала.
– Во разговор сум со некои мои колеги во владата, кои се занимаваат со тоа. Се надевам дек анабргу ќе можеме да летаме, рекол тој.
Хофер сака тестирањето на беспилотното такси да започне од идната година на воениот ареал.
Инаку, Хофер, кој е пилот, веќе тестирал летечко такси.
– Чудно е чувството да седите во него и ништо да не правите, рекол тој.