Австрија останува неутрална

Сподели со своите пријатели

Австрискиот канцелар Карл Нехамер ја прекина дискусијата за укинувањето на австриската неутралност со пораката „Австрија останува неутрална“.

– Австрија беше неутрална, таа е неутрална и Австрија ќе остане неутрална – подвлече Нехамер и рече дека за него дискусијата е завршена.

 

Поранешен британски генерал: НАТО порано или подоцна ќе мора да се бори против Русија

 

Според него, неутралноста била добра за Австрија. Тој нагласи дека во моментов има војна, потребна ни е брза помош, брза солидарност за луѓето на лице место, како и поддршка за политички одговорните луѓе кои таму се плашат за својот живот, без дискусии кои немаат основа во реалноста.

Така Нехамер индиректно одговори на барањето на поранешниот претседател на Собранието, Андреас Кол, кој во авторски текст во весникот „Клајн цајтунг“ изјави дека Австрија треба да влезе во НАТО или во армијата на ЕУ.

 

Поранешен британски генерал: НАТО порано или подоцна ќе мора да се бори против Русија

 

Слична изјава даде и „сивата еминенција“ во владејачката Народна партија на Австрија (ОВП), гувернерката на покраината Долна Австрија, Јохана Микл Лајтнер.

– Нема да промениме ништо за нашата неутралност. Тоа е основата на нашата надворешна и безбедносна политика. Тоа беше во изминатите децении, така ќе биде и во иднина – нагласи таа.

Сепак, таа посочи дека Австрија ќе го крева својот глас во иднина кога ќе се прекрши меѓународното право.