Австрија: Нови препораки – бустер доза за деца од пет години

Сподели со своите пријатели

Националниот совет за вакцинација (НИГ) на Австрија издаде нови препораки, според кои децата на возраст од пет години треба да добијат зголемена доза од вакцината против коронавирусот.

Loading...

„Децата на возраст од пет до 11 години третата доза од вакцината треба да ја примат не порано од почетокот на новата учебна година, пред новиот бран на коронавирус“, се наведува во препораката на НИГ.

Третата доза се препорачува шест месеци по примањето на втората доза, соопшти австриското Министерство за здравство.

 

Британија: Руските сили ќе се обидат да ја опколат украинската армија на исток, го освоија градот Кремина

 

Инаку, околу 150.000 деца под 11-годишна возраст во моментов се вакцинирани против коронавирус во Австрија и имаат валиден сертификат.

Тоа одговара на удел од околу 14,6 отсто од децата во таа возрасна група.

Loading...

Исто така, од НИГ посочуваат дека за најдобра и долгорочна заштита потребно е да се примат три дози од вакцината, покрај претходната инфекција.

Овие три дози, според НИГ, треба да се сметаат за основна имунизација.

 

Германија најде нов начин за снабдување со оружје на Украина

 

Минатата инфекција само го одложува времето на примање на следната доза, но не може да ја замени вакцината.

Министерот за здравство Јоханес Рауч истакна дека вакцината против корона вирусот спасила животи на многу луѓе и тоа продолжува да го прави.

Вакцината, рече тој во соопштението, го минимизира докажаниот ризик од сериозни болести и смрт.

Loading...