Австрија непречено добива гас од Русија

Сподели со своите пријатели

Додека Русија најави прекин на испораката на гас за Полска и Бугарија, Австрија продолжува да ги прима своите испораки без никакви ограничувања, изјави министерката за енергетика и заштита на климата Леоноре Гевеслер.

Loading...

Гевеслер за радио „Ое1“ истакна дека Русија испорачува без ограничувања преку магистралните гасоводи „Северен поток“ и преку Украина.

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

На прашањето дали има индиции дека Русија ќе ги запре испораките во Австрија, таа одговори дека нема такви индикации, пренесува Танјуг.

Таа изјави дека бугарската гасоводна мрежа нема никаква врска со австриската, а што се однесува до гасоводот Џамал ​​до Полска, потсети дека во изминатите неколку дена низ таа траса доаѓал малку гас.

„Мораме да направиме се што можеме за што поскоро да ја прекинеме нашата зависност од рускиот гас“, подвлече таа.

Loading...

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

Според неа, прекинот на испораката на гас за двете земји од ЕУ покажува дека не е можно да се потпреме на Русија.

„Владимир Путин води војна користејќи енергија“, подвлече Гевеслер.

ОМВ, вели таа, е во контакт за да врши трансакции со гас во согласност со евросанкциите.

Во исто време, таа не ја исклучи можноста за раскинување на договорот за испорака на гас со Русија, кој е временски ограничен до 2040 година.

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

Loading...