Министерот за инфраструктура и сообраќај на Австрија Норберт Хофер најавува дека за време на претседателството на неговата земја со ЕУ ќе се заложи з аукинување на промената на времето од зимско на летно. Тој додава дека за таа теме веќе разговарале со европскиот комесар за сообраќај Виолет Булц.
До 18. август граѓаните на ЕУ можат преку електронско истражување на мислењето да се изјаснат за тоа дали сакаат да ја задржат промената на времето или треба да се укине таа пракса. Европската комисија моментално го разгледува барањето за укинување на промената на времето.


