Австрија ја поддржува истрагата на Меѓународниот суд

Сподели со своите пријатели

Со цел да се спроведе истрага за воените злосторства извршени во Украина, Министерството за надворешни работи на Австрија стави на располагање 100.000 евра на Обвинителството на Меѓународниот кривичен суд.

Loading...

Австриското Министерство за правда, дополнително, стави на располагање дополнителен експерт за помош во истрагата.

 

 

 

„Австрија го поддржува секој чекор што и сигнализира на светската јавност дека таквите злосторства нема да останат неказнети“, изјави министерот за надворешни работи Александар Шаленберг.

Тој истакна дека сликите и извештаите за руските воени злосторства во Буча, Мариупол и други украински места се шокантни.

Секој што сторил вакво кривично дело и тој што дал налог мора да биде казнет, ​​подвлече Шаленберг во соопштението.

Loading...

 

Украина побара велигденско примирје, Русија одби

 

Обезбедените средства се дополнителен придонес на Австрија во Меѓународниот кривичен суд, на кој годишно му плаќа два милиони евра.

– И во војна има право. Со испраќање на експерт од Министерството за правда, даваме дополнителен придонес во расветлувањето на воените злосторства. Сега треба да се направи се одговорните да се изведат пред лицето на правдата – изјави министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ.

 

Украина побара велигденско примирје, Русија одби

 

Loading...

Австрија, исто така, ја поддржува работата на истражната комисија на Советот за човекови права на ОН, која има канцеларија во Виена, како и напорите на ОБСЕ, се додава во соопштението.

На 2 март Австрија заедно со 40 земји ја посочи ситуацијата во Украина пред Меѓународниот суд на правдата, по што главниот обвинител Карим Кан нареди истрага.