Од 1 август Австрија го укинува карантинот за лицата заразени со корона вирусот.
Тие повеќе нема да мора да се самоизолираат, ќе можат слободно да се движат со задолжително носење FFP2 маска и одржување на растојание од два метри.
Тие ќе можат да одат на работа, да се возат во јавен превоз и да одат на јавни места, но не и во болници, старечки домови, градинки и училишта.
Одлуката останува во сила до крајот на октомври. Одлуката е донесена земајќи го предвид психолошкото и социјалното влијание на пандемијата, изјави австрискиот министер за здравство Јоханес Рауч.
Во Австрија, каде наесен се очекува нов бран на коронавирус, укинувањето на карантинот наиде на бројни критики.