Австрија: ФПО бара референдум за санкциите против Русија

Сподели со своите пријатели

Лидерот на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) Херберт Кикл побара да се одржи референдум во Австрија за санкции против Русија.

Loading...

Кикл оцени дека Австрија треба да го следи примерот на Унгарија, каде премиерот Виктор Орбан најави одржување референдум.

„Тие санкции се смислени во Брисел и одобрени од неодговорната австриска влада, а цехот го плаќаат граѓаните со нивната благосостојба и социјална сигурност преку поскапување“, подвлече тој.

Кикл посочува дека во меѓувреме стана очигледно дека санкциите им штетат на Европа и на Австрија повеќе отколку на Русија, која врз основа на рекордниот раст на цените на енергенсите бележи рекордни приходи, а војната во Украина со ова не е запрена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД предлагаат создавање демилитаризирана зона во Украина: Дали е тоа шанса за траен мир?

Затоа, австрискиот канцелар Карл Нехамер треба што поскоро да им овозможи на граѓаните на Австрија да го кажат своето мислење за санкциите, рече тој.

Минатата недела ФПО поднесе барање до австрискиот парламент за одржување референдум, кое беше одбиено со гласовите на сите останати парламентарни партии.