Австралиските држави воведуваат ограничувања на границите поради жаришта на Ковид-19 во Сиднеј

Сподели со своите пријатели

Австралиските сојузни држави денеска почнаа да воведуваат ограничувања на границите, откако се потврдени вкупно 28 случаи на коронавирус од жаришта на плажи во Сиднеј, а се стравува дека бројот на заразените би можел да се зголеми.

Loading...

– Сите во Сиднеј и околината треба да бидат во состојба на готовност, изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан на прес-конференција, на која потврди 10 нови случаи на коронавирус.

Здравствените власти предупредија дека вирусот можеби се проширил во други подрачја на Сиднеј, бидејќи се уште не е утврден изворот на зараза.

Властите во Нов Јужен Велс ги повикаа околу 250.000 жители во предградијата на Сиднеј да останат дома три дена.

Островската држава Тасманија ги затвори своите граници за сите кои биле на северните плажи во Сиднеј од 11 декември. Квинсленд, Викторија и Северната територија бараат луѓето кои биле на овие плажи да поминат 14 дена во самоизолација. Западна Австралија воведе иста мерка за сите од Нов Јужен Велс.

– Мојата порака е многу јасна, а тоа е луѓето од северните плажи на Нов Јужен Велс да останат таму и да не патуваат во Квинсленд, истакна премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук.

Ограничувањата се удар врз австралиските надежи за непречено економско закрепнување на земјата.

Австралија од почетокот на пандемијата потврди повеќе од 28.000 заразени со Ковид-19 и 908 починати. Се проценува дека меѓу активните случаи повеќето се повратници од странство кои се наоѓаат во хотелски карантин.

Loading...

Габриела Точко

Leave a Reply