Австралиски рибар фатил застрашувачко суштество долго речиси 3 метри (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Австралиски рибар извлекол огромно суштество од речиси три метри од морето кај брегот на Нов Јужен Велс со застрашувачки истакнати и големи заби.

Loading...

Џејсон Мојс сподели фотографии од „ѕверот“ на Фејсбук и призна дека навистина не знае што е тоа, иако животното наликува на јагула.

„Погледнете ја оваа огромна јагула фатена во Питвотер, Нов Јужен Велс. Никогаш не сум видел нешто слично и комерцијално ловам риболов веќе 50 години. Тоа не е јагула штука или сребрена јагула. Има заби како мурина. Но, нејзиното лице е многу заоблено, тапо. Беше долго околу 2,7 метри. Интересно…“, напиша Мојс, а пренесува The Mirror.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продемократски активисти во Хонг Конг осудени за субверзија, казни и до 10 години затвор

 

 

Многумина во коментарите на неговата објава шпекулираа за какво морско животно се работи, спомнувајќи дека можеби станува збор за долгоопашеста јагула, зелена јагула…

Во најголем дел, повеќето од нив се согласуваат дека ова малку застрашувачко суштество припаѓа на редот на јагули.

Loading...