Во Канбера денеска ќе започнат меѓународни вежби на воздухопловните сили, на кои заедно со Австралија ќе учествуваат 16 земји.
Целта е да се зголеми оперативната ефикасност и да се развијат поцврсти односи меѓу воените трупи учесници, соопшти австралиското Министерство за одбрана.
Оваа година, над 100 авиони и 2.500 луѓе од Австралија, Канада, Франција, Германија, Индонезија, Индија, Јапонија, Малезија, Холандија, Нов Зеланд, Филипините, Република Кореја, Сингапур, Тајланд, ОАЕ, САД и Велика Британија ќе учествува на вежбите, соопшти Министерството.
„Со учество на 16 земји, вежбата Peach Black е одлична можност за австралиските воздухопловни сили да работат со нашите сојузници и партнери, споделувајќи тактики и процедури кои ќе ги подобрат операциите меѓу нашите сили“, се вели во соопштението.
Во соопштението на веб-страницата, министерството исто така посочи дека на вежбите кои траат до 8 септември „првпат учествуваат неколку земји“.