Австралија забрани низа социјални мрежи за тинејџерите

Сподели со своите пријатели

Австралија ќе ја вклучи услугата за пренос во живо на Amazon, Twitch, во својата забрана за социјални медиуми за лица под 16 години од 10 декември, додека платформата за споделување слики Pinterest нема да биде вклучена во забраната, изјави денес австралискиот комесар за е-безбедност.

Според новите регулативи, компаниите кои нема да преземат чекори за да се придржуваат до забраната ќе се соочат со казни до 32 милиони долари, објави Ројтерс.

Од 9 јануари, Twitch ќе ги деактивира сметките на малолетните корисници и ќе спречи креирање нови сметки од страна на лица под 16 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нигерија: Вооружени лица киднапираа над 50 ученици од католичко училиште

Комесарот изјави дека, иако Pinterest дозволува одредена социјална интеракција, неговата примарна цел е да собира слики и да создава идеи, па затоа не спаѓа во категоријата социјални мрежи.

Порано овој месец, забраната беше проширена на „Reddit“ и платформата „Kick“, додека „Facebook“, „Instagram“, „Snapchat“, „Threads“, „TikTok“, „X“ и „YouTube“ веќе се опфатени, пренесува Танјуг.