Австралија со апликација ќе проверува дали заразените го почитуваат карантинот

Сподели со своите пријатели

Австралиската влада тестира нова апликација која ќе користи технологии за препознавање лица и геолокација за да се осигура дека заразените со коронавирус се во согласност со правилата за карантин.

Според локалните медиуми, апликацијата наречена Home Quarantine SA ќе се користи во Јужна Австралија, една од австралиските држави, за да ги следи оние што биле ставени во карантин поради инфекција со коронавирус.

Сите жители на Јужна Австралија на кои им е пропишан карантин ќе треба да го преземат на својот мобилен телефон. Државата потоа, во случајно избрани времиња, ќе испрати текстуална порака и лицето ќе треба да докаже дека е на локација каде што треба да биде изолирана.

Особено, државјаните во карантин ќе бидат замолени од државата да ја споделат својата локација со властите преку апликацијата, но и да се фотографираат на адресата што ја пријавиле како локација на изолација, во рок од 15 минути по добивањето на СМС – пораката.

Премиерот на Јужна Австралија, Стивен Маршал, за Еј – Би – Си изјави дека луѓето во карантин нема да знаат кога и колку често ќе примаат вакви пораки, додавајќи дека ќе ги примаат „во случајни времиња“.

Луѓето кои не одговараат на пораката со фотографија, наскоро ќе бидат повикани и прашани зошто не одговориле, а доколку не одговорат на повикот, полицијата ќе биде испратена на нивна адреса.

Пробната употреба на апликацијата започна на 23 август со 50 учесници, но премиерот Маршал потврди дека се планира распоредување низ Јужна Австралија.

Австралија веќе некое време е цел на сериозни критики поради нејзината „политика за нулта ковид“.

Во Австралија, поради драстичното зголемување на бројот на новозаразени, беше воведено заклучување во неколку градови и држави, а најголемиот град Сиднеј одлучи да го продолжи заклучувањето до крајот на септември и воведе построги ограничувања, како што е полициски час од 21 до 5 часот наутро и задолжително носење маски на отворено, освен за време на рекреација.

Ова заклучување е најстрого досега и под него на жителите на Сиднеј не им е дозволено да ги напуштат своите домови, освен за рекреација, купување намирници, грижа за членовите на семејството и слични потреби.

Сепак, нема да му биде дозволено да се оддалечат повеќе од 10 километри од дома, пишува Индекс.

Сиднеј, град со повеќе од 5 милиони луѓе, сега повеќе од два месеци е во строго заклучување, досега не успеа да ја контролира заразата што се прошири преку меѓународните граници и во соседен Нов Зеланд.

Во Сиднеј, властите испратија стотици невооружени војници на улиците кон крајот на јули за да спроведат строги мерки.

Австралиската адвокатска комора го нарече овој потег „загрижувачка употреба на војската во либералната демократија“.