Австралија санкционира уште пет Иранци кои придонесуваат во ракетната програма на Иран

Сподели со своите пријатели

По нападот на Техеран врз Израел на 1 октомври, Австралија воведе санкции против уште пет лица од Иран за кои се верува дека придонесуваат во ракетната програма на Иран.

Loading...

„Иранското лансирање на повеќе од 180 балистички ракети врз Израел на 1 октомври претставуваше опасна ескалација што го зголеми ризикот од ширење на регионален конфликт“, рече австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг, според австралиската мрежа ABC (ABC).

Иран претходно соопшти дека истрелал проектили врз три израелски воени бази како одмазда за убиствата на лидерите на Хезболах и Хамас и неколку генерали на Иранската револуционерна гарда.

Санкциите против уште пет лица од Иран се нови мерки додадени на санкциите кои се веќе воведени против 200 лица поврзани со Иран, според ABC.

Во меѓувреме и Велика Британија во понеделникот објави дека има намера да воведе нови санкции против Иран, пренесува Танјуг.