Австралија, САД, Индија и Јапонија со алтернатива на кинескиот проект „Еден појас, еден пат“

Сподели со своите пријатели

Австралија, САД, Јапонија и Индија преговараат за заедничка регионална инфраструктурна шема која би била алтернатива на кинескиот проект „Еден појас, еден пат“ и би се спротивставила на растечкото влијание на Пекинг, пишува весникот „Австралиски финансиски преглед“.

Весникот се повикува на висок американски функционер, кој изјавил дека планот на четирите регионални партнери е во сосема почетен стадиум и дека „нема да биде доволно зрел“ за да биде разгледан за време на посетата на австралискиот премиер Малколм Трнбул на САД кон крајот на неделава.

Изворот, сепак, прецизира дека проектот се разгледува сериозно и ќе биде една од темите во разговорите меѓу Турнбул и американскиот претседател Доналд Трамп. Тој додаде дека проектот се смета за „алтернатива“, а не „ривал“ на кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“.

– Никој не вели дека Кина не треба да гради инфраструктура. Кина може да изгради, на пример, пристаниште кое само по себе не е профитабилно. Ние можеме да го направиме економски оправдано со тоа што ќе изградиме пат или железничка линија што ќе го поврзува тоа пристаниште, додаде американскиот функционер./МИА

Leave a Reply