Австралија прв пат забележа над 1.000 случаи на коронавирус

Сподели со своите пријатели

Австралија денеска регистрираше повеќе од 1.000 луѓе заразени со коронавирус, за прв пат од почетокот на епидемијата, поради ширењето на делта сојот на вирусот.

Loading...

Нов Јужен Велс, австралиската држава во која се наоѓа Сиднеј, забележа рекордни 1.039 случаи на инфекција во последните 24 часа.

Повеќе од 15.000 луѓе се заразени во Сиднеј од средината на јуни, а инфекцијата се прошири во помалите градови, поради што се вратија мерките против коронавирусот.

Во Мелбурн, кој се наоѓа во државата Викторија, денеска се регистрирани 80 заразени лица.

Околу 25 милиони Австралијци во моментов се во карантин, а граѓаните на Сиднеј не ги напуштаат своите домови повеќе од два месеци.