Австралија денеска прогласи национална вонредна состојба како одговор на разорните поплави долж источниот брег и утврди зони на катастрофа во градовите погодени од надојдените реки.
„Австралија станува полоша земја за живеење поради овие природни катастрофи“, рече премиерот Скот Морисон по посетата на најтешко погодената област на северните реки во Нов Јужен Велс, пренесува Ројтерс.
Влегувањето во сила на Декларацијата за вонредна состојба, по разорните пожари во Австралија во 2019 година, ќе помогне да се намали бирократијата и да се забрза процесот на обезбедување помош поради критиките за бавниот одговор на поплавите во кои загинаа најмалку 21 лице.
Што би се случило кога рускиот гас би престанал да доаѓа во Европа?
Официјални лица рекоа дека воениот персонал распореден во областа за да помогне во операциите за чистење ќе се удвои на 4.000.
Австралиската влада минатата недела плати околу 385 милиони австралиски долари за жртвите од поплавите ширум земјата.
Морисон рече дека помошта ќе биде зголемена во Лизмор, најтешко погодените градови и околните области, за да се обезбеди храна и засолниште, поддршка за менталното здравје и правна и деловна поддршка.