Австралија: Предупредување за обилни врнежи и поплави

Сподели со своите пријатели

Австралиските власти издадоа предупредување за поплави, илјадници домови останаа без струја, додека еден човек се води како исчезнат, поради обилните дождови кои денеска го зафатија југоисточниот дел на оваа земја.

Loading...

Реките низ најнаселените австралиски држави, Нов Јужен Велс и Викторија и островската држава Тасманија, опасно пораснаа поради повеќемесечните натпросечни врнежи, јавува АП.

Стотици луѓе во градот Форбс во Нов Јужен Велс, западно од Сиднеј, добија наредба да ги евакуираат своите домови до вечерва пред големите поплави.

Државната служба за вонредни состојби издаде наредба до 20 часот да се евакуираат 17 улици, вклучително и централното подрачје на градот, а се очекува до петок реката Лахлан да го достигне највисокиот врв на поплава од 10,6 метри. .

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија започна полициска контрола на границата со Франција и четири други земји

Полицијата соопшти дека 63-годишен маж последен пат бил виден во вторникот на рурален имот на реката Лејкеан во близина на градот Хилстон во Нов Јужен Велс, западно од Сиднеј.

Тој беше пријавен за исчезнат неколку часа подоцна, но потрагата по службите за итна помош засега е неуспешна, според АП.

Полицијата во вторникот пронашла тело на 46-годишен маж во неговиот потопен автомобил во близина на градот Будхурст, западно од Сиднеј.

Во јужниот дел на Викторија, екипите за итни случаи спасија најмалку пет лица кои возеле низ поплавите во руралните области по силниот дожд во текот на ноќта, соопштија официјални лица.

Loading...

Во оваа австралиска држава преку 10.000 домови останаа без струја во текот на ноќта, а уште стотина чекаат да се нормализира ситуацијата и да се врати снабдувањето, соопштија властите и дистрибутерот на струја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма на Дунав: 140 луѓе заробени на брод за крстарење поради зголеменото ниво на реката

Службите за вонредни состојби предупредија дека обилниот дожд ќе стигне до Мелбурн, главниот град на Викторија и најнаселен австралиски град по Сиднеј, подоцна денеска, според АП.