Австралиската влада објави дека го протерува амбасадорот на Иран во Канбера, обвинувајќи го Иран за вмешаност во антисемитски напади во Мелбурн и Сиднеј.
Разузнавачките служби на земјата дојдоа до „длабоко вознемирувачки заклучок“ дека Иран оркестрирал најмалку два антисемитски напади кон крајот на 2004 година, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе на прес-конференција.
Австралија им даде на амбасадорот и на уште тројца ирански дипломати рок од седум дена да ја напуштат земјата, изјави министерката за надворешни работи Пени Вонг.
Австралија го стори тоа за прв пат по Втората светска војна.
Канбера, исто така, ја суспендираше својата амбасада во Техеран и го повлече својот амбасадор.
Сепак, Австралија нема намера целосно да ги прекине дипломатските односи со Иран, со цел да ги заштити интересите на своите граѓани, додаде Пени Вонг.
Австралискиот премиер изјави дека Иран стои зад пожарите во кошер кафе во предградието на Сиднеј во октомври 2024 година и во синагогата Адас Израел во Мелбурн во декември 2024 година.
Во тие инциденти немаше повредени.
Австралискиот премиер додаде дека Иран веројатно стои зад другите антисемитски напади во земјата.