Австралија го менува законот, Фејсбук ја враќа медиумската содржина

Сподели со своите пријатели

Австралиската влада денес објави дека Фејсбук прифатил укинување на забраната за споделување вести на својата платформа во таа земја, откако беше постигнат договор за законот врз основа на тоа кога дигиталните гиганти ќе плаќаат за содржината на информациите.

Loading...

Министерот за финансии Џош Фрајденберг и Фејсбук во одделни изјави потврдија дека постигнале договор за измени во предложениот закон врз основа на кој Фејсбук и Гугл ќе плаќаат за објавените вести на нивните мрежи.

Фејсбук го блокираше пристапот и споделувањето вести до австралиските корисници минатата недела кога Претставничкиот дом во Австралија усвои предлог-закон за плаќање на таа содржина.

Горниот дом на австралискиот парламент, Сенатот, треба да расправа за овој предлог денес.

„Фејсбук ја извести владата дека има намера да ги врати страниците за вестите во Австралија во наредните денови“, се вели во изјавата на австралиските министри за финансии и комуникации.

 

 

Loading...

Како ќе изгледа новиот закон?

Иако Австралија потенцираше дека нема да го смени законот, по низата разговори меѓу министерот за финансии Џош Фриденберг и шефот на Фејсбук Марк Закерберг, викендот беше постигнат договор.

Австралија ќе понуди четири амандмани, кои вклучуваат промена на задолжителниот арбитражен механизам што се користи кога технолошките гиганти не можат да постигнат договор со медиумите за фер исплата за известување за весници.

„Задоволни сме што австралиската влада се согласи на голем број измени и гаранции кои се однесуваат на клучни прашања поврзани со дозволување на комерцијални договори кои ја признаваат вредноста на нашата платформа во замена за вредноста што ја добиваме од медиумите“, рече Фејсбук.

Амандманите вклучуваат двомесечен период на медијација пред вклучувањето на медијаторот избран од Владата.

Исто така, се воведува правилото за придонесот на една интернет-компанија за одржливоста на австралиската медиумска индустрија преку постојните договори што треба да се земат предвид.

 

Loading...

 

Зошто се случи ова?

Фејсбук ги блокираше австралиските корисници да споделуваат или гледаат вести и медиумски содржини на платформата, во знак на протест против новиот закон што ќе го принуди технолошкиот гигант да плаќа за содржината што ја презема од другите медиуми.

Фејсбук претходно објави дека ќе ги отстрани вестите од својот фид за сите корисници во Австралија, и сега ја реализираше таа закана.

Реакции на граѓаните

Австралискиот премиер Скот Морисон луто искоментира дека овој потег на Фејсбук покажува дека технолошките компании „мислат дека се помоќни од владите и дека правилата не важат за нив“.

Другите ја нарекоа одлуката на оваа социјална мрежа „напад врз суверена нација“ и „злоупотреба на моќта“.

Реакциите се проширија низ целиот свет. Демократот Дејвид Сисилин од САД оцени дека „Фејсбук не е компатибилен со демократијата“, а на Твитер – ривал на Фејсбук – стана вирален хаштаг „Избриши го Фејсбук“.

Loading...

Австралијците кои преку Фејсбук денес се обидоа да дознаат за најновите случувања во земјата и светот беа информирани дека ваквите објави веќе не се можни. Обидот за споделување на содржини во весниците резултираше со порака дека „овој пост не може да се сподели“.

 

 

Општ колапс

Шокантниот потег на технолошкиот гигант значи и дека владините пораки исто така нема да можат да се споделуваат, вклучително и соопштенија за итни служби за ковид, пожари или помош на жртви на семејно насилство.

Loading...

Хуманитарни организации, банки за храна и најмалку една страница што се занимава со исчезнати лица се колатерални жртви на забраната.

Во изјавата, премиерот Морисон рече дека постапките на Фејсбук се „непријателски настроени кон Австралија“ и дека прекинувањето на протокот на информации е „арогантно и многу разочарувачко“.

„Оваа акција само ја потврдува загриженоста на зголемениот број земји во врска со однесувањето на големите технолошки компании кои сметаат дека се помоќни од владите и дека правилата не важат за нив“, рече Морисон.

Leave a Reply