Австралискиот премиер Ентони Албанез денеска објави дека земјата ги зголемува своите цели за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.
Тој вети дека Австралија ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 43 отсто до 2030 година во споредба со нивото од 2005 година.
Станува збор за значително зголемување на целта, со оглед на тоа што претходниот пропишуваше намалување на емисиите на стакленички гасови од 26 на 28 отсто, во истиот временски период.
„Кога разговарав со меѓународните лидери во последните неколку недели, сите ја поздравија промената на позицијата на Австралија“, рече Албанез, кој ја презеде премиерската функција минатиот месец.
Во последниве години, Австралија претрпе големи суши, историски пожари, последователни години рекордни поплави и шест масивни варосувања на Големиот корален гребен, а според Меѓународниот панел на ОН за климатски промени (IPCC), доколку не се случат значителни промени, ситуацијата само ќе се влоши.
Австралија е еден од најголемите испуштачи на јаглерод диоксид по глава на жител во светот, а новата цел значително ја усогласува таа земја со обврските од Парискиот климатски договор.
Канада има за цел да ги намали емисиите на јаглерод за 40 проценти до 2030 година од нивото од 2005 година, додека САД имаат цел од 52 проценти.