Австралија ќе ги прошири финансиските санкции против Русија и ќе додаде уште 25 лица воен персонал, четири компании за технологија за оружје и четири банки на својата листа, објави австралискиот премиер Скот Морисон.
„Мораме да покажеме дека има цена за ваквото однесување“
Морисон пред новинарите најави дека санкциите ќе пристигнуваат во бранови и дека во нив ќе бидат вклучени над 300 пратеници во рускиот парламент.
„Мораме да покажеме дека има цена за ова насилно, неприфатливо и нечуено однесување“, нагласи тој.
На списокот се генерали, заменици министри, платеници…
Меѓу 25-те воени личности на списокот со санкции денеска се генерали, заменици министри за одбрана и платеници, како и компании кои се занимаваат со развој и продажба на воена технологија и оружје.
Покрај петте банки кои веќе се под санкции, Австралија денеска додаде уште четири финансиски институции, велејќи дека е важно светот да работи заедно.