Агенцијата за вработување на Република Македонија го објави новиот јавен повик за практикантство, мерка насочена за најмладите невработени лица кои само што завршиле средно образование, факултет или се во рамки на високото образование.
Станува збор за финансирање практикантство за 700 невработени лица во приватните компании во Македонија, во висина од 6.200 месечно по лице во период од три месеци без обврска за работодавачите да ги задржат на работа“, објасни на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Работодавачите ќе немаат обврска да ги задржат практикантите и понатаму, додаде Спасов, појаснувајќи дека процентот на успешност на оваа мерка е 65 отсто, а досега во неа учествувале 2.210 невработени лица.
Ова е втор јавен повик годинава, при што во првиот учествувале 640 пратиканти, со што за ова мерка, од буџетот на РМ ќе бидат одвоени 18 милиони 696 илјади денари.
Поделтални информации за условите за практиканство се достапни во сите центри за вработување во Македонија.