АВИОНСКА НЕСРЕЌА: Пилот и копилот загинаа при судир на авионот и противпожарно возило

Сподели со своите пријатели

Пилотот и копилотот загинаа во понеделник вечерта откако авион на „Ер Канада експрес“ се судри со противпожарно возило при слетување на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк, објавува „Скај њуз“.

Познато е дека станува збор за двомоторен млазен авион „ Bombardier CRJ-900“, кој доаѓал од Монтреал.

Според извештаите, на летот имало 72 патници и четири члена на екипажот.

Тој се судрил со возилото на пистата број четири околу 23:45 часот по локално време во недела, односно 4:45 часот наутро по средноевропско време.

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) издаде забрана за полетување за сите авиони на тој аеродром до 6:30 часот наутро по средноевропско време, а потоа додаде дека пристаништето може да остане затворено до 19:00 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дубаи: Од најпопуларниот аеродром до пустелија (ВИДЕО)