Полицијата во Лос Анџелес го извлекла пилотот од урнатиот авион Цесна неколку секунди пред авионот да удри во воз.
На драматично видео се гледа како неколку полицајци ослободуваат маж од соборениот авион, кој се урна веднаш по полетувањето во населбата Пакоима, објавија локалните медиуми.
Полицијата и пилотот биле на само неколку метри од пругата кога возот што го уништил авионот поминал со брзина, пренесува Ројтерс.
– Авионот имал неуспешно полетување и слета на железничката пруга на популарна раскрсница – изјави Луис Хименез, 21-годишен композитор кој го сними видеото.
– Само неколку секунди пред ударот, полицијата го спаси пилотот, а едно парче од остатоците за малку ќе ме погодеше – изјавил тој.
Пилотот е згрижен за исеченици и модринки и е во стабилна состојба, јавуваат локалните медиуми.
Во возот нема повредени, јавуваат локалните медиуми.
Полицијата во Лос Анџелес објави видео на Твитер, на кое се гледа како полицајци извлекуваат раскрвавен пилот од авион.
Bodycam footage pic.twitter.com/koSfy4XdW0
— NOYB (@JustNOYBIt) January 10, 2022