Авионот на Чаушеску продаден на аукција за неверојатна цена

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 150 колекционери учествувале на аукцијата на која за 220.000 евра бил продаден авионот „Ромбак 1-11“, кој поранешниот претседател на таа земја, Николае Чаушеску, го користел за официјални посети.

Loading...

Почетната цена беше околу 25.000 евра.

Иако одамна бил избришан натписот „Социјалистичка Република Романија“ од трупот на патничкиот авион „Ромбак 1-11“, поранешниот авион на романскиот лидер беше продаден за четирипати поголема сума.

Друг авион од тој тип, користен од Јон Илиеску, син на поранешниот претседател на Романија, бил продаден за 165.000 евра.

Во исто време, „Пајкан Хилман Хантер“, автомобил подарен на Чаушеску од поранешниот ирански шах Реза Пахлави, бил продаден за 95.000 евра.

Аукцијата се одржа под покровителство аукциската куќа Артмарк.

Авионот на Николае Чаушеску бил петтиот од вкупно девет авиони 1-11 направени од Романија под британска лиценца. По падот на режимот, авионот накратко бил изнајмен на странски авиокомпании, а во последните неколку години тој бил паркиран.

Од уривањето на авиокомпанијата „Ромавија“, два авиона се наоѓаа пред колапс, додека група ентузијасти не го убедија Министерството за култура да им даде статус на „национално богатство“.

Loading...

Во суштина, ова спречи укинување на овие два авиона, а доверителите подоцна објавија дека ќе бидат продадени на аукција.

„Ромбак 1-11“ беше единствениот патнички авион произведен во Источна Европа, освен авиони произведени во Советскиот Сојуз.

Николае Чаушеску беше претседател на Романија од 1965 година до неговата смрт во 1989 година, кога беше симнат од власт и застрелан на масовни протести.

Leave a Reply