Авион поврзан со сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи и руски олигарх Роман Абрамович слетал во Москва, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на службите за следење на летот.
Како би можела да заврши војната: Советникот на Зеленски објави неколку сценарија
Авионот полетал од Израел и накратко застанал во Турција на пат кон Русија, според FlightRadar24. Не се наведува дали Абрамович бил во авионот.
Абрамович, кој исто така има израелско и португалско државјанство, е виден во понеделникот на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, според Ројтерс.
Украина е загрижена поради нападот на Русите од уште една земја
Минатата недела Британија го санкционираше поради неговите врски со рускиот претседател Владимир Путин. Европската унија го следеше примерот.
Абрамович негира дека има блиски врски со Путин.