Авион започнал да пропаѓа за време на лет: Најмалку 50 повредени!

Сподели со своите пријатели

Најмалку 50 лица се повредени по „инцидент“ на летот на LATAM Airlines од Сиднеј за Окленд.

Loading...

За време на летот се појавил технички проблем поради кој леталото нагло почнало да пропаѓа, јавуваат локалните медиуми.

Од Брзата помош соопштија дека на лице место биле прегледани и третирани околу 50 лица, од кои едно лице е во тешка состојба, а останатите во умерена или полесна состојба.

Авионот слета на аеродромот

Околу 13 лица се пренесени во болница на лекување, се додава.

Авионот „Боинг 787-9 Дримлајнер“ слета на аеродромот во Окленд според планираното во понеделникот попладне по локално време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Градежното производство во еврозоната во пад шест месеци по ред

Летот обично застанува во Окленд на пат до Сантијаго, главниот град на Чиле.

LATAM Airlines има редовни линии меѓу Сиднеј, Окленд и главните центри во Јужна Америка.