Авионот „Сухој Суперџет – 100“ принудно слетал во Сибир по откажување на моторот, јавуваат руските медиуми.
Loading...
Авионот слетал нормално, велат од компанијата „Јамал“ , додавајќи дека нема повредени.
Авион со околу 80 патници полетал кон Санкт Петербург, но удрил во птица, и притоа оштетувајќи еден од моторите.
СС-100 е првиот цивилен авион произведен во Русија од распадот на Советскиот сојуз во 1991 година.
Овој вид авиони скоро и да не се продава во странство заради скапото одржување.
СС-100 се урна во Индонезија во 2012 година, при што загинаа 45 лица. Во мај оваа година, 41 лице загина во авионска несреќа при принудно слетување.