Авион со 256 патници испратил итен сигнал за слетување по откажување на моторот

Сподели со своите пријатели

Авион на Ер Чајна на летот Пекинг-Лондон со 256 патници слета непланирано денес на алтернативен аеродром во Нижневартовск, Русија, а прелиминарната причина била дефект на еден од моторите, објави Росавијација.

Loading...

„Денес, за време на летот Лондон-Пекинг, екипажот на компанијата Боинг 777-300 на Ер Чајна одлучи да слета на алтернативен аеродром во Русија. Прелиминарната причина е дефект на еден од моторите. Екипажот дал итен PAN сигнал и побарал слетување“, се вели во соопштението на руските власти, пренесува РИА Новости.

Во авионот имало 265 лица: 15 членови на екипажот и 250 патници, а според досегашните информации, никој не е повреден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ветеран запали американско знаме пред Белата куќа. Уапсен е (ВИДЕО)

Ер Чајна ќе испрати резервен авион во Нижневартовск.

Се очекува вториот авион да пристигне во Русија во 14:00 часот. и заминуваат за Лондон во 18:00 часот по московско време, соопшти Руската федерална агенција за воздушен транспорт, објави агенцијата ТАШ.